Нашата приказна
Аптека Хигија е основана во 1993 година со седиште во Штип, со мисија да обезбеди квалитетни лекови и здравствени производи за нашите граѓани. Низ годините аптеката израсна од мала локална аптека во доверлива здравствена установа која најпрофесионално се грижи за здравјето на луѓето.
Нашиот тим од лиценцирани фармацевти и фармацевтски техничари неуморно работи за да обезбеди квалитетни лекови во секое време и дава професионални совети на секој пациент во врска со начинот на употреба, дејството, нуспојавите и контраиндикациите на истите.
Во состав на аптеката работи лиценцирана лабораторија за изработка на магистрални препарати кои се изработуваат од сертифицирани хемикалии, апаратура по сите стандарди и во консултација со специјалист по Фармацевтска технологија.
Денес, по повеќе од 30 години искуство, ние продолжуваме да ги прошируваме нашите услуги и да инвестираме во современа аптекарска дејност.
30+ години
искуство во аптекарска дејност
Наша мисија
Да обезбедуваме достапни, квалитетни лекови и здравствени производи, придружени со професионални совети и грижа за секој наш клиент.
Наша визија
Да бидеме современа аптека, препознатлива по квалитетот, иновациите и посветеноста кон здравјето на граѓаните.
Наши вредности
Интегритет, професионализам, грижа за пациентите, континуирано образование и посветеност кон највисоките стандарди за квалитет.
Наш тим
Лиценцирани фармацевти, фармацевтски техничари и консултант-специјалист по Фармацевтска технологија
Лиценца за работа
Аптеката поседува Лиценца за работа издадена од Министерството за здравство во РМ
Контактирајте не
Имате прашања за нашите производи или услуги? Нашиот тим е тука за да ви помогне.
Телефон
032-391-031
070-205-432
Е-пошта
aptekahigijastip@gmail.com
Адреса
ул. Ванчо Прќе 52б
2000 Штип
Работно време
Пон.-Пет. 08-20ч
Сабота 08-16ч