Политика за достава на производи
Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана од ХИГИЈА на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
- Трошоците за достава се пресметуваат при нарачката и се додаваат во крајната цена.
- Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува само на територијата на Република Северна Македонија.
- Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.
- Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.
Трошоци за достава
Пресметка на трошоци
Трошоците за достава се пресметуваат во зависност од локацијата на доставувањето и ќе бидат прикажани при финализирањето на нарачката, пред да се изврши плаќањето.
Услови за достава
Сите нарачки ќе бидат дистрибиурани во одбраниот термин, со исклучок на одредени отстапки поради технички проблеми во системот за нарачки или во сообраќајот.
За секоја нарачка примачот на пратката ќе биде контактиран во терминот за достава кој го одбрал, но ако не е достапен (искомунициран), пратката ќе биде вратена во седиштето (местото за испорака) кадешто ќе може да се подигне во рок од 15 дена од денот на нарачување.
Повторна достава:
Доколку лицето има барање за повторна дистрибуција на истата пратка, должен е истата услуга да ја плати на самиот доставувач. Цената за повторна достава ќе биде пресметана според тековните тарифи.
Во случај на враќање на производи по желба на корисникот доставата паѓа на товар на истиот.
Испораката на нарачките се врши до врата. Доколку при испорака на нарачката купувачот инсистира нарачката да му биде предадена пред објектот, само во тој случај доставувачот нема да ја достави нарачката до врата.
Преглед и рекламации
Секој купувач е должен при прием на пратката да ја прегледа истата, да провери за евентуални оштетувања при транспорт, дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба.
Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот.
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите. ХИГИЈА не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
Испорака на производи кои не се нарачани
Испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба
Испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот
Враќање / Рекламација на производи
Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација писмено преку e-mail на aptekahigijastip@gmail.com.
Услови за враќање:
- Производот мора да биде неупотребуван и неотпакуван
- Враќањето да се изврши во рок од 15 дена од денот на нарачување
- Да биде приложена фискалната сметка
- Можност за замена со друг соодветен производ
Исклучок: Стоката која е лесно расиплива не може да се врати.
Повлекување од договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот од страна на потрошувачот
Tërheqja nga marrëveshja në distancë ose marrëveshja jashtë ambienteve afariste të tregtarit nga konsumatori
Општи услови за користење / Kushtet e përgjithshme të përdorimit
Важна напомена
ХИГИЈА има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ХИГИЈА.
Нашата Политика за враќање на производи е достапна на нашата веб страна.