Политика за приватност

Информации за собирањето, употребата и заштитата на вашите лични податоци

Политика на приватност

Оваа политика за приватност има за цел на јасен и транспарентен начин да Ве информира за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци на посетителите на нашата веб страница, како и потрошувачите и корисниците на нашите услуги и продукти.

Што се лични податоци?

Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.

Кој е одговорен за обработката на лични податоци?

Аптека Хигија ДООЕЛ, Штип со седиште на ул. Ванчо Прке 52Б, како сопственик на домеинот aptekahigijastip.mk е контролор на Вашите лични податоци.

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Вас како субјект на личните податоци (во понатамошниот текст Корисник) е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст "Политика").

Со Политиката се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.

Доколку имате прашања во врска со оваа Политика, слободно можете да не контактирате на: aptekahigijastip@gmail.com и/или на телефонскиот број 070-205-432.

Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

Чии лични податоци собираме?

Ние можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страница www.aptekahigijastip.mk и потенцијални потрошувачи
  • Потрошувачи, корисници на услуги и продукти

Кои лични податоци ги прибираме?

Податоци за идентификација

Име, презиме, телефонски број, е-пошта, адреса за достава.

Податоци за корисничкиот профил

Корисничко име и лозинка, направени нарачки, податоци за нарачката, преференци.

Од каде се собираат личните податоци?

Личните податоци се собираат директно од Вас, кога се ги внесувате во формата за нарачка како Корисник, кога реализирате нарачки, кога се согласувате за добивање на маркетинг понуди (newsletter), преку Вашето користење на нашата веб страна, преку нашиот email: aptekahigijastip@gmail.com, или кога на друг начин комуницирате со нас.

За која цел ги користиме личните податоци?

  • Да одговориме на прашања во врска со нашите производи и услуги, други барања, предлози и поплаки
  • Реализација на нарачката, доставување на продуктите, враќање на продуктот и средствата, решавање на поплаки на сигурен и ефективен начин
  • Доставување на директни маркетинг понуди, информации за попусти, преку email и текст пораки, телефон или преку пошта
  • За оптимизирање на онлајн корисничкото искуство и персонализирани маркетинг пораки и промоции
  • За истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, заради статистички цели и подобрување на понудените услуги
  • За да добивате попусти и поволности преку учество во наши програми за лојалност, наградни игри, анкети или истражувања

Правен основ за обработка на личните податоци

Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ:

Вашата согласност

Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга. Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста преку понудена опција секогаш кога добивате маркетинг понуди преку email, или контактирајте не на aptekahigijastip@gmail.com.

Исполнување на договор

Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци за реализација на нарачка и плаќање за добивање на производ или услуга.

Нашите легитимни интереси

Ова се однесува кога ги користиме Вашите податоци за процесирање на плаќања, обезбедување безбедност на веб страниците, одговарање на прашања и барања, и остварување на правни барања или статистички цели.

Законска обврска

Ова се однесува кога Вие ни ги давате Вашите лични податоци кои ние треба да ги чуваме поради наши правни причини (на пример, информации за трансакции за даночно и финансиско известување).

Кој може да има пристап до податоците?

Ние не ги продаваме Вашите лични податоци.

Пристапот секогаш ќе се контролира врз основа на потреба, и ќе се обезбеди само таму каде што е неопходно за да Ви ги обезбедиме бараните услуги. Вашите лични податоци може да бидат обработувани во наше име од страна на нашите доверливи добавувачи (трети страни), на пример:

  • Агенции за рекламирање и маркетинг
  • Трети страни кои треба да Ви достават производ (услуги за достава)
  • Даватели на ИТ услуги, хостирање, одржување и поддршка
  • Давателите на платежни услуги (банки и платежни институции)
  • Надлежни институции кои имаат законски овластувања

Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.

Пренос на личните податоци

Личните податоци нема да се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор. Во случаите кога е потребен пренос на лични податоци во трети држави, преземаме соодветни мерки да осигураме дека при преносот се применува соодветно ниво на заштита на личните податоци.

Колку време ќе се чуваат податоците?

Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме побараната услуга или за да ги задоволиме комерцијалните и законските обврски.

Кога купувате производи, ги чуваме Вашите податоци за времетраењето на нашата договорна врска

Кога сте се согласиле за маркетинг комуникација, ги чуваме додека не побарате бришење или повлечете согласност

Колачињата се чуваат онолку долго колку е потребно за да ги постигнат своите цели

Кога повеќе нема потреба, податоците ќе бидат отстранети или анонимизирани

Права на субјектите на лични податоци

Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:

Право на информирање

Да бидете информирани за обработката на Вашите лични податоци

Право на пристап

Пристап до личните податоци и нивна копија

Право на исправка и бришење

Исправка ако се нецелосни/неточни, бришење ако се обработуваат незаконски

Право на ограничување

Ограничување на обработката ако ја оспорувате нивната точност

Право на приговор

Приговор за обработка за директен маркетинг и профилирање

Право на преносливост

Да ги добиете податоците во структуиран машински читлив формат

За остварување на Вашите права, контактирајте не на: aptekahigijastip@gmail.com и/или на телефонскиот број 070-205-432.

Кои податоци се задолжителни, а кои опционални?

Податоците кои се неопходни за реализација на нарачките и платежните операции се задолжителни, во спротивно нема да може да се изврши нарачката.

Автоматизиран процес на одлучување, профилирање

Ние може да употребуваме автоматизиран процес на донесување на одлуки, вклучувајќи и профилирање во процесот на обработка на Вашите лични податоци врз основа на претходно дадена согласност за маркетинг активности. Ние може да ги анализираме Вашите лични податоци врз основа на демографски податоци, податоци од пребарување, историја на купување. Врз основа на оваа анализа, ние можеме да Ви дадеме одредена понуда за одредени производи.

Право на приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци

Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.

Промена на политиката на приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на Аптека Хигија.