WAYA StopReflux - Кесички против киселини  - Medis - 1425301

WAYA StopReflux - Кесички против киселини

од Medis

На залиха
620 ден
Шифра:1425301
Бренд:Medis
Тип:Ќесички
Намена:Додаток на исхрана
Залиха:На залиха

Опис

Waya StopReflux кесичките се медицинско средство наменето за ублажување на симптомите на гастроезофагеален рефлукс како што се: печење во пределот на градите, враќање на желудочната киселина, езофагитис предизвикан од рефлукс, потешкотии при голтање (дисфагија), болки при голтање (одинофагија). Ја спречува киселината (рефлуксот) за помалку од три минути Го ублажува печењето во пределот на градите Ја штити и обновува слузницата Содржи магнезиум алгинат, карбонати, бикарбонати, хијалуронска киселина и хондроитин сулфат. Ефектот се постигнува механички. Кога содржината ќе дојде во контакт со киселата pH средина во желудникот, магнезиум алгинатот формира гел. Во меѓувреме, карбонатите ослободуваат јаглероден диоксид, кој му овозможува на гелот да се подигне и да создаде чеп, што преставува физичка бариера, која пак го спречува рефлуксот (враќањето) на желудочниот сок во хранопроводот. Карбонатот и бикарбонатот истовремено помагаат да се намали киселоста во желудникот. Дополнително, хијалуронската киселина и хондроитин сулфатот ја штитат и обновуваат слузницата. Предноста на производот WAYA StopReflux® е тоа што не содржи натриум алгинат, туку магнезиум алгинат, па затоа е безбеден за употреба дури и кај пациенти кои треба да го намалат внесот на натриум. Waya RefluStop се наменети за возрасни и деца над 12 години.

Состав

Вода, магнезиум алгинат, калциум карбонат, калиум бикарбонат, натриум хијалуронат, хондроитин сулфат, ароми, конзерванси: метил п-хидроксибензоат (метилпарабен), етил п-хидроксибензоат (етилпарабен), засладувачи: стевиол гликозиди, сукралоза.

Употреба

Возрасни и деца над 12 години: 1 кесичка да се растопи директно во уста после главниот оброк и пред спиење или според совет од лекар. Содржината на кесичката добро протресете ја и употребете ја веднаш по отварањето. Waya RefluStop кесичките може да се употребуваат во секој момент од денот. Најдобро делуваат доколку не консумирате храна или пијалоци 30 минути по нивната употреба. Времето на употреба зависи од појавата на симптоми. Не ги употребувајте подолго од 30 дена. Ако продолжат симптомите, побарајте лекарски совет.

Категории

Здравје на дигестивен систем

Болести

Против гадење

Атрибути

Без глутенВеганСуплемент
← Назад кон производи

Препорачани производи