
STREPSILS Med i Limon 16 pastili - Стрепсилс мед и лимон 16 пастили
од Reckitt Benckiser UK
Опис
Пастилите Стрепсилс мед и лимон содржат две антисептични состојки кои се користат за третман на грло. Наменети се за симптоматско олеснување при инфекции на уста и грло. Производот е наменет за возрасни, деца над 6 годишна возраст и постари лица Активните состојки се благи антисептици кои ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат инфекции на устата и грлото. Се употребуваат на тој начин што се остава пастилата полека да се растопи во устата со што се овозможува постојано и директно делување на активните состојки во засегнатата регија и истовремено помага во навлажнување и омекнување на болното место. Ова помага во ослободување од болката и непријатноста при инфекции на устата и грлото.
Состав
2.4-Dichlorobenzyl alcohol - 1.2 мг Amylmetacresol - 0.6 мг
Употреба
за перорална употреба. Возрасни, деца постари од 6 години и постари лица се препорачува по една (1) пастила на секои 2 до 3 часа. Оставете ја пастилата во устата да се растопи полека. Да не се земаат повеќе од 12 пастили во тек на 24 часа.