
RINASEK 10tableti - Ринасек 10таблети
од Hemofarm
Опис
Rinasek таблетите се употребува за намалување на симптомите на настинка и грип.
Состав
1 таблета содржи: Псеудоефедрин хидрохлорид 60.0 мг. Трипролидин хидрохлорид 2.5 мг. Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството! За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
Употреба
Ринасек таблетите се наменети за перорална употреба. Ринасек не треба да се употребува подолго од 5 дена. Доколку симптомите Ви се влошат или не Ви биде подобро после 2-3 дена, мора да се обратите на лекар. Возрасни и деца постари од 12 години: 1 таблета на секои 4 до 6 часа, максимум 4 таблети на ден. Вкупната дневна доза на псеудоефедрин не смее да надмине 240 мг Деца од 6 до 12 години: Консултирајте лекар или фармацевт пред употребата на лекот кај деца под 12 годишна возраст. ½ таблета на секои 4 до 6 часа, максимум 3 дози на ден. Вкупната дневна доза на псеудоефедрин не смее да надмине 90 мг. Деца под 6 години: Употребата на лекот е контраиндицирана кај деца под шест годишна возраст. Постари лица: Во врска со употребата на комбинацијата псеудоефедрин/трипролидин кај постари лица, не се спроведени посебни студии. Кај постарите лица како ефикасна се покажала вообичаената доза за возрасни, со следење на функцијата на бубрезите и/или црниот дроб. Во случај на потешки оштетувања на бубрезите и/или црниот дроб, потребна е претпазливост. Употреба на лекот Ринасек за време на бременоста и периодот на доење: Пред да земете било каков лек, советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Доколку сте бремени, планирате да забремените или доите, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Во текот на бременоста, не треба да користите Ринасек без тоа да ви го советува вашиот лекар. Лекот Ринасек се излачува во мајчиното млеко во мали количини. Не го употребувајте во периодот на доење без да се советувате со Вашиот лекар. Како и сите лекови, и лекот Ринасек може да има несакани дејства кај некои пациенти, иако тие не мора да се јават кај сите пациенти кои го земаат лекот.