PIKOVIT SIRUP 150ml - Пиковит сируп 150мл
од Krka
Опис
Сирупот Пиковит содржи девет есенцијални витамини кои имаат улога во регулацијата на бројни биохемиски процеси во телото.
Состав
Витамините од Б групата (Б1, Б2, Б6, пантотенска киселина и никотинамид) се вклучени во метаболизмот на јаглехидрати, протеини и масти, како и во функционирањето на нервниот систем Витаминот А е потребен за развој на епителните клетки и синтезата на пигментот за вид Витамин Д ја регулира искористеноста на калциум и овозможува соодветна минерализација на коските и забите Витамин Ц ја подобрува апсорпцијата на железо и е вклучен во различни процеси на оксидација – редукција во телото Сирупот Пиковит ги задоволува зголемените потреби на телото за витамини и го надоместува недостатокот на витамини во исхраната кога општите мерки (разновидна и редовна исхрана) не се доволни.
Употреба
Вообичаена доза за деца на возраст од 1 до 3 години е 1 одмерна лажичка (5 мл) од сирупот два пати дневно За деца на возраст од 4 до 6 години е 1 одмерна лажичка (5 мл) од сирупот три пати дневно За деца на возраст од 7 до 14 години е 1 одмерна лажичка (5 мл) од сирупот три до максимално четири пати дневно.