
PICOVIT FORTE 7+ pastili - Пиковит Форте 7+ пастили
од Krka
Опис
Пиковит форте обложените таблети се препорачуваат при зголемена потреба за витамини и како додаток при неправилна или несоодветна исхрана, кога општите мерки (разновидна и редовна исхрана) не се доволни: • при прекумерен замор и слаба концентрација кај деца од училишна возраст, • при физички активности (активни или рекреативни спортови), • при неправилна и еднолична исхрана, со намален внес на овошје и зеленчук, • при намален апетит, • како додаток по терапија со антибиотици.
Состав
Пиковит форте обложените таблети содржат 11 есенцијални витамини, во количини кои одговараат на препорачаните дневни потреби за деца над 7 годишна возраст. Бидејќи не содржат шеќер, кој е потребен за раст и развој на бактериите, Пиковит форте обложените таблети немаат штетно влијание врз забите. Содржат манитол, малтитол и аспартам, кои им даваат пријатен вкус.
Употреба
Витамините се супстанции со големо биолошко значење и се вклучени во регулирање на многубројните биохемиски процеси во човековото тело. Витамините од Б групата (Б1, Б2, Б6, Б12, пантотенска киселина и никотинамид) се вклучени во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите, како и во функционирањето на нервниот систем. Фолната киселина е неопходна за создавање, регенерација и нормално функционирање на крвните клетки. Витамин А е потребен за развој на епителните клетки и за синтезата на очниот пигмент. Витамин Д го регулира искористувањето на калциум и овозможува соодветна минерализација на коските и забите. Витамин Ц помага при апсорпција на железото и е дел од многубројните оксидативно- редуктивни процеси во телото. Витаминот Е е физиолошки антиоксиданс, кој ги штити клеточните мембрани од оштетувања и ја одржува клеточната функција. Пиковит форте не претставува замена за избалансирана и разновидна исхрана. Поради тоа, многу е важно на вашето дете да му обезбедите избалансирана и разновидна исхрана дури и за време на употребата на Пиковит форте.