
PICOVIT 4+ pastili - Пиковит 4+ пастили
од Krka
Опис
витамиПиковит обложените таблети имаат многу пријатен вкус и се наменети за деца: • со намален апетит, • при прекумерен замор, кај деца на училишна возраст, • како додаток по терапија со антибиотици, • како витаминско-минерален додаток во исхраната. Пиковит обложените таблети не се замена за избалансирана и разновидна исхрана. Поради тоа, многу е важно на вашето дете да му обезбедите избалансирана и разновидна исхрана, дури и за време на употребата на Пиковит обложените таблетинско–минерални обложени таблети витамин А, холекалциферол, аскорбинска киселина, тиамин нитрат, рибофлавин, пиридоксин хидрохлорид, цијанокобаламин, никотинамид, фолна киселина, калциум пантотенат, калциум и фосфор.
Состав
Пиковит обложените таблетинско–минерални обложени таблети содржат: витамин А, холекалциферол, аскорбинска киселина, тиамин нитрат, рибофлавин, пиридоксин хидрохлорид, цијанокобаламин, никотинамид, фолна киселина, калциум пантотенат, калциум и фосфор.
Употреба
Пиковит обложените таблети содржат десет есенцијални витамини, како и калциум и фосфор. Витамините се супстанции кои имаат огромно биолошко значење и се вклучени во регулирање на многубројните биохемиски процеси во човековото тело. Витамините од Б групата (Б1, Б2, Б6, пантотенска киселина и никотинамид) се вклучени во метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите, како и во функционирањето на нервниот систем. Витамин А е потребен за развој на епителните клетки и за синтезата на очниот пигмент. Витамин Д го регулира искористувањето на калциум и овозможува соодветна минерализација на коските и забите. Витаминот Ц помага при апсорпцијата на железото и е дел од многубројни оксидативно- редуктивни процеси во човековото тело. Калциум и фосфор се главни структурни компоненти на коските и забите. Пиковит обложените таблети се разликуваат само по надворешниот изглед (тие се во различни бои) но не и во нивниот состав. Пиковит обложените таблети ги задоволуваат зголемените потреби на телото за витамини, калциум и фосфор и го надоместуваат недостатокот на истите во исхраната, кога општите мерки (разновидна и редовна исхрана) не се доволни.