
PERSEN 40oblozeni tableti - ПЕРСЕН 40обложени таблети
од ZENTIVA
Опис
Persen е традиционален хербален лек со растително потекло. Содржи комбинација од сув воденоетанолен екстракт од корен на валеријана, сув екстракт од листови на мелиса и сув екстракт од листови на нане.
Состав
Екстракт од корен од валериjана 35mg. -Екстрак од лист од маточина 17.5mg. -Екстрак од лист од нане 17.5mg.
Употреба
Возрасни и адолесценти над 12 години: При состојба на стрес, напнатост и раздразливост се препорачува да се земаат по три обложени таблети, трипати на ден. За полесно заспивање се препорачува да се земат три обложени таблети половина час до еден час пред спиење. Таблетите се голтаат со течност (чаша вода), независно од оброците. Дејството на Persen се манифестира постепено. За да се постигне оптимален терапевтски ефект, потребно е таблетите континуирано да се земаат најмалку 14 дена. Ако состојбата не се подобри или, пак, се влоши по 14 дена од употребата на Persen, потребно е да се консултирате со Вашиот лекар. Времетраењето на лекувањето не е ограничено. По долготрајна употреба на Persen во препорачаните дози, не се јавува зависност ниту апстиненцијални симптоми.