
OMNITUS sirup 200ml - Омнитус сируп 200мл
од Hemofarm
Опис
Лекот ја содржи активната супстанца бутамират цитрат која припаѓа на групата синтетски антитусици со централно дејство (група лекови за лекување на кашлица). Ја спречува и смирува надразнителната кашлица. Исто така се користи и пред и после тераписки и дијагностички процедури во бронхиите (кај изведување на бронхоскопии), како и пред и после изведување на хируршки операции. Како дополнителна терапија се користи кај заболувањето пертусис (голема кашлица).
Состав
Содржи активна супстанца бутамират цитрат 4мг/5мл која припаѓа на групата синтетски антитусици со централно дејство (група лекови за лекување на кашлица), која не ппредизвикува зависност
Употреба
Препорачана дневна доза за возрасни е 3 пати во денот по 30мл, за деца над 12 години 4 пати во денот по 15мл, за деца од 6-12 години 3 пати во денот по 15мл, за деца од 3-6 години 3 пати по 10мл.