OLIVENOL Eye Balm 15ml - Оливенол балзам за околу очи 15мл  - Dr. Theiss Germany - 995539

OLIVENOL Eye Balm 15ml - Оливенол балзам за околу очи 15мл

од Dr. Theiss Germany

На залиха
780 ден
Шифра:995539
Бренд:Dr. Theiss Germany
Тип:Балсам
Намена:Декоративна козметика
Залиха:На залиха

Опис

Ја подобрува еластичноста на кожата -Ја зајакнува, измазнува сензитивната регија околу очите -Ја хидрира околната регија -Темните круговите под очите исчезнуваат -Го редуцира отокот околу очите -Ја регенерира кожата -Толеранцијата на кожата е дерматолошки тестирана

Состав

Ладно цедено маслиново масло - богато со витамини, минерали и природни масни киселини, антиоксиданси. Антиоксидансите во маслиновото масло помагаат да се забави процесот на стареење. Витамин Е - ја штити кожата од УВ зраци, а олеинската киселина ја регенерира кожата, има антиинфламаторно дејство, ја хидрира кожата и таа станува мека и мазна. Кофеин - смирува, делува против воспаленија и ги редуцира подочниците, го намалува црвенилото и отокот. Кофеинот, есцинот и екстракт од алги ги редуцираат темни кругови околу очите и ги “будат” уморните очи. Радиола (златен корен) - има антиинфламаторно дејство, го забавува стареењето, ги ублажува длабоките брчки и го стимулира производството на колаген. Натриум хијалуронат - има афинитет за врзување голема количина на вода, што овозможува хидрирање на кожата, давајќи и еластичност, помлад и поздрав изглед. Пантенол - има смирувачки ефект, го намалува црвенилото на лицето и има хранлив ефект врз кожата на лицето. Глицерин - ја хидрира кожата и и дава сјај. Масло од семе од сочоглед - е познато по содржината на масни киселини, кои го прават лицето свежо и хидрирано. Бидејќи има висок процент на ланолеинска киселина, која спречува дехидрација на лицето, ги прави образите да бидат цврст и нежни. Ова природно масло содржи омега 3 и омега 6 масни киселини, кои го зајакнуваат заштитниот слој на кожата и ја прават отпорна на надворешни влијанија. Отпорноста на лицето станува силно, што е важно за сува кожа која е склона кон егзема во зимските денови. Olus масло - масло од 100% растително потекло направено од мешавина од природни триглицериди. Тоа е полу-цврсто бело, без мирис. Функционира како активна состојка за измазнување на кожата, што ја прави кожата мека и мазна. Масло од Prunus Amygdalus Dulcis (сладок бадем) е бледо, слама боја или безбојно масло добиено од бадеми. Има изразен хидратантен ефект, е многу пријателски за кожата и идеален за чувствителна, сува кожа. Маслото од сладок бадем е многу погодно за нега на доенчиња и мали деца. Се карактеризира со висока содржина на незаситени масни масла, како што се линолна и линолеинска киселина.

Употреба

Се нанесува навечер во тенок слој околу очите

Атрибути

Медицинска козметика
← Назад кон производи

Препорачани производи