
OLIGOVIT 20 complex 30tableti - Олиговит 20 комплекс 30таблети
од Galenika
Опис
Oligovit® /Олиговит® филм-обложените таблети се комбинација од 10 витамини и 10 најпотребни минерали Таблетите можат да ги надоместат зголемените потреби на организмот за витамини и минерали како и да го надокнадат нивниот недостаток во исхраната (еднолична исхрана, диети, алкохолизам) Витамините и минералите кои влегуваат во состав на Oligovit® /Олиговит® филм-обложените таблети можат да придонесат за зголемување на отпорноста на организмот кон болестите, за растење, за развој и нормално функционирање на организмот, бидејќи непосредно учествуваат во биохемиските процеси
Состав
Состојки: микрокристална целулоза (средство за зголемување на волумен), калциум фосфат, L-аскорбинска киселина, магнезиум оксид, железо сулфат, DL-α-токоферил ацетат, хидроксипропилметил целулоза и хидроксипропил целулоза (згуснувачи), никотинамид, калциум-Д-пантотенат, талк (средство за глазирање), калциум карбонат (боја), вкрстено врзана натриум карбоксиметилцелулоза (стабилизатор), калциум карбонат (боја), магнезиум стеарат (стабилизатор), стеаринска киселина (средство против згрутчување), пиридоксин хидрохлорид, рибофлавин, тиамин хидрохлорид, цинк сулфат, натриум флуорид, манган сулфат, бакар сулфат, црвен железо оксид (боја), ретинил ацетат, кармин (боја), натриум молибдат, хром хлорид, калиум јодид, холекалциферол, цијанокобаламин.
Употреба
Возрасни и деца постари од 12 години: еднаш дневно да се испие по една филм-обложена таблета со малку вода.