
LUPOCET trio 10 kesi - Lupocet trio10 ќесички
од Belupo
Опис
Лупоцет Трио 1000 мг/200 мг/12,2 мг прашокот за перорален раствор е лек што се користи за краткорочно ублажување на симптомите на настинка, треска и грип. Овие симптоми вклучуваат блага до умерена болка, температура, назална конгестија (затнат нос) и продуктивна кашлица.
Состав
Секоја поединечна ќесичка содржи 1000мг парацетамол, 200мг гваифенезин, 12,2мг фенилфрин хлорид.
Употреба
Препорачана доза за возрасни, постари пациенти и адолесценти на возраст од 16 години и постари чија телесна тежина е 50 кг или повеќе: Земете 1 ќесичка на секои 4 до 6 часа, по потреба Вкупната дневна доза не смее да надмине 3 ќесички во текот на 24 часа (1 ќесичка 3 пати на ден) Минимален интервал на дозирање: 4 часа. Времетраењето на терапијата не треба да биде подолго од 3 дена.