
LINEX Junior 10 ќесички - Линекс јуниор 10 кесички
од Lek
Опис
Линекс Јуниор е пробиотик кој содржи млечнокиселински бактерии (Bifidobacterium animalis subsp. lactis, CHR.HANSEN BB-12TM), кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора, пред сè, кај новороденчиња и деца. Како превентивен и дополнителен третман при пролив, надуеност и други стомачни нарушувања предизвикани од: вирусни и бактериски желудочно-цревни инфекции (на пример, ротавирус-инфекции); лекување со антибактериски лекови (антибиотици и други синтетички антибактериски лекови).
Состав
Една ќесичка прашок за перорална суспензија содржи не помалку од 1х109 CFU лиофилизирани млечнокиселински бактерии Bifidobacterium animalis subsp. lactis, CHR.HANSEN BB-12TM.
Употреба
Новороденчиња и деца до две години: една ќесичка еднаш на ден. Деца од две до 12 години: една ќесичка еднаш до два пати на ден (на пример, наутро и навечер).