
LINEX FORTE 14 tvrdi kapsuli - Линекс форте 14 тврди капсули
од Lek
Опис
Млечно-киселинските бактерии се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат кисело-базната рамнотежа која е неопходна за нормална работа на ензимите за варење на храната, имунолошкиот систем и перисталтиката на цревата. Дополнително го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии. Бактериите во Линекс Форте капсулите се лиофилизирани (т.е исушени на ниска температура). Поради тоа, чувањето на собна температура е можно без промена на формата и активноста на бактериите. Линекс Форте капсулите се користат за превенција и дополнително лекување на пролив, метеоризам (надуеност) и други стомачни пореметувања, кои настануваат поради нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора.
Состав
Линекс Форте содржи два вида на лиофилизирани млечно-киселински бактерии (Lactobacillus acidophilus, CHR.HANSEN LA-5TM и Bifidobacterium animalis subsp. Lactis, CHR.HANSEN BB-12TM во однос 1:1), кои се вклучени во воспоставувањето и одржувањето на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора. CHR.HANSEN BB-12TM и CHR.HANSEN LA-5TM се трговски марки на Chr. Hansen A/S. CFU e број на лиофилизирани млечно киселински бактерии во една капсула.
Употреба
Новороденчиња и деца до 2 години: една капсула еднаш на ден. Деца од 2 до 12 години: една капсула еднаш до два пати на ден (на пр. наутро и навечер, во зависност од сериозноста на симптомите). Возрасни и деца над 12 години: една капсула еднаш до три пати на ден (на пр. наутро, напладне и навечер, во зависност од сериозноста на симптомите).