
BISOLVON sirup 4mg/5ml - Бисолвон сируп 4мг/5мл
од Sanofi
Опис
Бисолвон сирупот се применува за растворање на секретот кај акутни и хронични болести на бронхиите и белите дробови. Сирупот е наменет за деца над 2 години.
Состав
Активна компонента Bromheksin за третман на кашлица, муколитик кој го раствара вискозниот секрет во дишните патишта кај акутни и хронични болести на респираторниот систем
Употреба
Возрасни и деца над 14 години: 3 пати на ден по 10ml - 20ml (што одговара на 24 до 48mg бромхексин хидрохлорид/ден). Деца од 6 - 14 години, како и пациенти со телесна маса под 50kg: 3 пати на ден по 10ml (што одговара на 24mg бромхексин хидрохлорид/ден). Деца од 2 - 6 години 3 пати на ден по 5ml (што одговара на 12mg бромхексин хидрохлорид /ден). Без лекарски совет, Bisolvon сируп не треба да се зема повеќе од 4 до 5 дена.