
BECUTAN MULTI OMEGA-3 250ml sirup - Бекутан мулти омега-3 250мл сируп
од Alkaloid
Опис
Целта на Becutan KIDS VITS мултиомега-3 е да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и есенцијални витамини и минерали кои го поддржуваат интелектуалниот развој на децата. DHA (докозахексаеноична киселина) придонесува за одржување на нормална функција на мозокот. Цинкот и јодот придонесуваат за нормална когнитивна функција. Јодот, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б3, витаминот Б6 и биотинот придонесуваат за нормална функција на нервниот систем. Витаминот Б2, витаминот Б3 и фолната киселина придонесуваат за намалување на заморот и DHA, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување на нормален вид.
Состав
Производот содржи комбинација од рибини масла богати со омега-3 масни киселини (DHA и EPA), витамини и минерали (витамин Б1, витамин Б2, витамин Б6, биотин, фолна киселина, ниацин, витамин Д, витамин К, цинк, јод).
Употреба
Производот е наменет за орална употреба. Препорачана дневна доза: Деца од 1 до 3 години: 1 лажичка (5 мл). Деца над 4 години: 2 лажички (10 мл). Протресете пред употреба. По отварањето на сирупот Becutan KIDS VITS мултиомега-3 треба да се чува во фрижидер. Да се употреби во рок од 60 дена по првото отварање.