
ALLGA SAN MOBIL ARNIKA GEL 100ml - Алга Сан Мобил Арника Гел 100мл
од Allga San GERMANY
Опис
Allga San Mobil Arnika гел за релаксирачка масажа 100ml. Allga San арника гелот продира длабоко во кожата ја намалува напнатоста и болките. Се користи кај контузија, тапи повреди, истегнувања и исчашувања. Помага при повреди на мускулите, тетивите и зглобовите. Ги намалува отоците и ги лади болните места. Погоден е за спортска масажа на вкочаните мускули и зглобови. Брзо се впива и не ја масти кожата.
Употреба
Неколку пати дневно да се нанесе на болните места и нежно да се измасира. Само за надворешна употреба. Да не се користи кај преосетливост на арника. Да не се нанесува на повредена кожа. Да се избегнува допир со очите и слузницата. Не смее да се применува кај доенчиња и мали деца. Да се чува на температура до 25 степени Целзиусови, надвор од дофат на деца. Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството! За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.